Црквата Св. Никола се наоѓа во централниот дел на селото Нерези, на месноста наречена Латински добје околу кој се наоѓаат стари столетни дрвја кои дополнително го украсуваат амбиентот во кој се усредоточил овој убав параклис. На ова место по сведоштво на постари луѓе одсекогаш имало црковен белег, од кој еден е и старото дрвено куќиче кое се наоѓа веднаш до новоизградената црква. Денешната црква е изградена пред неколку децении од страна на селаните а ја има осветено веќе упокоениот Митрополит дебарско - кичевски г. Методија на 27.09.1972 година. Ова мало црквиче масовно се посетува на празникот Св. Великомаченик Талалеј, во пролет.