ИЗВАДОЦИ ОД АРХЕОЛОШКИ АТЛАС НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


“Латинско Дабје - Манастир Св. Никола, средновековна црква и некропола. На околу 600 - 800 м југоисточно од училиштето, на простор од 50 х 50 м, при обработувањето на земјата селаните наидувале на темели правени од кршен камен и варов малтер, а наоколу камени плочи од гробни конструкции, (Е.П., Ц.К.)

Љупчо Брдо, средновековна црква. Во непосредна близина на училиштето мештаните откриле темели од стара црква. (Е.П., Ц.К.)

Св. Ѓорѓи, средновековна црква. Во подножјето на локалитетот Чука се наоѓа селската црква која била изградена врз темелите на постара црква (Е.П., Ц.К.)

Св. Спас, средновековна некропола. Се наоѓа на околу 600 - 800 м јужно од локалитетот Чука, на мало ритче. Танаско Бајчески при обработувањето на земјата открил гробови градени од камени плочи. (Е.П., Ц.К.)

Чука, црква и некропола од доцниот среден век. Западно од училиштето има доста висок рид кој доминира над околниот простор и има стрмни страни што се спуштаат кон селото. На највисокиот дел ссе наоѓаат темели од стара црква посветена на Св. Петка. Западно од црквата се гледаат камени плочи од гробни конструкции. (Е.П., Ц.К.)“

Автор: МАНУ 

Македонска Академија на Науки и Уметности