Ова духовно светилиште според одредени кажувања е постаро светилиште, и се наоѓа на ридчето "Добра" веднаш над селото Нерези. Неговото постоење се поврзува со времето кога населбите Нерези и Безово биле населени високо во планината во месноста наречена "Старо Село" или "Горно Село". Првата недела после Илинден, овдека има голем црковно народен собир, каде се собираат луѓето од целиот Долни Дримкол.